Вчера во 03:50 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода 35-годишниот А.Ш. од село Добридол.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајден и одземен е пиштол „Екол“ со една празна рамка.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Претрес во Гостиварско, пронајден пиштол, приведено едно лице е превземен од МАКФАКС.