Вчера во 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Д. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 26-годишник е превземен од МАКФАКС.