Полицијата по претходно добиена судска наредба денеска извршила претрес во викенд куќа во општина Чучер Сандево, кај С.Н..
Како што соопшти МВР, за време на претресот во објектот биле затекнати и Х.С. и Г.Г.. При тоа, кај Г.Г. е пронајдена прашкаста материја, а во стара куќа во рамки на дворот пронајдена е грутчеста материја.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.