Милан започна преговори за продолжување на договорот на капитенот Алесио Ромањоли. Се чини дека иднината на Ромањоли во Милан никогаш не била толку неизвесна како сега, а неговиот договор истекува следниот јуни.
Било какви преговори за негово останување на “Сан Сиро” би биле комплицирани, со оглед на тоа што тој постојано се наоѓа на клупата за резервни играчи по пристигнувањето на Фикајо Томори.
Сепак, како што тврди новинарот на “Скај Италија”, Џанлука Ди Марцио, се чини дека двете страни веќе го започнаа дијалогот околку договорот на дефанзивецот кој истекува во јуни 2022 година.
Милан сака да го обнови договорот на Ромањоли, а раководството планира да му понуди понуда, но останува да видиме дали играчот и неговиот агент Мино Раиола ќе бидат задоволни од понуденото.