Во кривичниот суд изречени се пресудите за случајот „Трезот“ кој е покренат за сомнителната набавка на бртанската опрема за следење на комуникациите преку фирма посредник од Скопје.
Во овој случај осудени се:
Сашо Мијалков (ексдиректор на УБК) – 8 години затвор
Горан Грујевски (поранешен началник на Петатта управа во УКБ) – 15 години
Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години
Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години
Од фирмата „Финзи“ се конфискува имотната корист остварена од кривичното дело во висина од 838 106 денари и 145 619 евра од девизна сметка плус возила…
Ваква пресуда во случајот „Трезор“ денеска изрече судечкиот совет во Основниот кривичен суд – Скопје составен од Џенета Бегтовиќ, како прва и Софче Гаврилова-Ефремова, како втора судијка, и тројца судии поротници.
Првите тројца се гонеа за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Јакимовски за помагање. На Грујевски, кој избега во Грција, му се судеше во отсуство.
Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.