Околу 300 учесници, меѓу кои високи претставници од Европа и САД и над сто новинари на Првата меѓународна конференција во рамки на Преспа форумот за дијалог кој ќе се одржува два дена во Охрид и Отешево. Според најавата освен високите претставници на Европа и САД учество ќе земе и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас. Секако, на овој форум ќе учествуа и нашиот државен врв.
Надградбата на пристапувањето кон ЕУ, следејќи го трендот што не само кај нас, туку и во регионот, но и во ЕУ, се наметна како стратешко прашање, а тоа е стратешкиот интерес на Унијата да го интегрира Западниот Балкан, како дел што недостасува за да се заокружи проектот за обединета Европа, е темата околу која ќе се одржуваат панел дискусиите на Првата меѓународна конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог.