Речиси сите епидемиолошки параметри според кои се проценува состојбата со епидемијата бележат тренд на намалување, врз основа на што може да се каже дека епидемијата со коронавирусот во земјава се стабилизира. Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 16%, што споредено со средината на декември е намалување од 13,3%.
Од Министерство за здравство го посочуваат извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, каде што процентот на позитивни од тестирани изнесува 16%, што споредено со средината на декември е намалување од 13,3%, кога тој процент изнесувал 29,3%.
„Во истиот извештај, бројот на новодијагностицирани случаи со ковид-19 во една недела изнесувал 4 585, додека минатата недела таа бројка изнесува 2 397, што е намалување од 48 отсто“ – велат од МЗ
Еден од клучните индикатори за состојбата е и бројот на хоспитализации, кој вчера беше 598 пациенти, што е речиси двојно помалку од хоспитализираните на истиот датум во декември.
Поради намалувањето на потребата од болничко лекување, затворени се ковид-центрите на Клиниката за очни болести и Клиниката за уво, нос и грло.