Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс тајно се венчале во Лондон. Медиумите наведуваат дека 56 годишниот Џонсон и 33 годишната Симондс се венчале вчера на приватна свеченост во Вестминстерската катедрала, во присуство на мал број роднини и пријатели.
Таблоидот Сан пишува дека ниту членовите на Владата не знаеле дека е планирана венчавка. Според британските мерки воведени поради спречување на коронавирусот, на свадбена церемонија можат да присуствуваат најмногу 30 луѓе.
Џонсон и Симондс во февруари 2020 година објавија дека се вериле. Тие го имаат едногодишниот син Вилфред. Премиерот на Велика Британија зад себе има два брака, но тој е прв сопруг на Симондс.