Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува на неколку настани во општина Струмица.
Агендата ќе започне со отворање на новата градинка „Виножито“, каде е предвидено и обраќање на премиерот Ковачевски.
Како што е најавено од владината прес-служба, посетата на Струмица премиерот ќе ја продолжи со присуство на означување на почетокот на градба на булеварски мост на реката Водочица во Струмица, по што ќе ја посети и локацијата каде што започнува изградба на социјална населба.
Според агендата, Ковачевски ќе го посети и производствениот погон на фабриката „МАКС“.