Премиерот Димитар Ковачевски заедно со верниците од тетовско и гостиварско присуствуваше на светата литургија во манастирот „Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, по повод истоимениот христијански празник.

-Празниците нè зближуваат, а денеска е голем ден на кој ја празнуваме хуманоста. Наум Охридски Чудотворец целиот свој живот го посветил на помагање и на хумани дела, порача Ковачевски.