Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма.
Како што соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на настанот што ќе се одржи во дворот на Клубот на претеници во Скопје, детално ќе бидат презентирани новостите во новата ИПАРД 3 програма и првите јавни повици за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата.