Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска ќе одржи предавање на Дипломатската академија Виена во Виена, Австрија.
Тема на конференцијата каде ќе говори премиерот Ковачевски е „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.
Дипломатската академија Виена каде ќе се обрати премиерот Ковачевски е основана 1754 година и претставува најстарата академија која нуди едукација и за студенти и за професионалци во областите на меѓународни односи, политички науки, право, историја и економија, каде идните лидери, покрај теоријата која ја изучуваат своето знаење го надополнуваат и преку првокласн истражувања и светски познати програми.