Нов Зеланд ќе почне со вакцинирање на целото население против ковид-19 во втората половина на 2021 година, што ќе биде најголема национална програма за имунизација досега, рече премиерката Џасинда Ардерн.

– Владата обезбеди две дополнителни вакцини од фармацевтските компании „АстраЗенека“ и „Новавакс“ и ќе има доволно дози за сите пет милиони Новозеланѓани, најави Ардерн од Велингтон.

Претходните договори беа постигнати со фармацевтските компании „Фајзер“, „БајонТек“ и „Јансен“.

– Доколку вакцината се докаже како безбедна и ефикасна, имунизацијата ќе почне со вработените во првата линија во вториот квартал од 2021 година и остатокот од населението во втората половина од годината, рече таа.

Вакцините ќе бидат бесплатни за жителите на државата.