Лидерот на СДСМ си поднесе оставка, но што ќе биде со премиер Албанец за кого лидерот на ДУИ Али Ахмети директно се договори токму со Зоран Заев?

Пред 4 дена гостин во емисијата Клик Плус беше Али Ахмети кој одлуката на Заев да си поднесе оставка доколку го изгуби Скопје, ја нарече избрзана. Се уште не се знае кој ќе дојде на чело на СДСМ на местото на Заев и дали ќе се почитува овој договор!

„Нема причина г. Заев да поднесе оставка, зошто презема таква одговорност? Да, може да имате случај да назначите премиер Албанец, за што зборувавте минатите избори. Не! Но не кажувате. Не е оправдано бидејќи презема непотребна одговорност. Значи, не е време за премиер Албанец, бидејќи јас за премиер Албанец ве прашувам? Да, тоа е постигнат договор и нема повлекување. Дали стравувате дека нема да се почитува овој договор доколку си замине г. Заев? Вие го велите тоа. Дали стравувате: Бидејќи вие самиот рековте. Јас не реков“, истакна Али Ахмети.

Не се знае дали со оставката на Заев може да има нов договор меѓу СДСМ и ДУИ и дали ќе се оствари ветувањето за премиер Албанец.

„Премиер Албанец во последните 100 дена. Дали сега не е време, доколку г. Заев си замине, на пример премиер Албанец 100 дена и одиме на избори. Не мислам дека постои таква комбинација или нешто такво. Значи не отидовте до таму, бидејќи ни рековте“, додава Ахмети.

Од друга страна другиот коалиционен партнер н а СДСМ, Движење Беса смета дека Заев ја донел потребната одлука со заминувањето од функцијата премиер и лидер на неговата партија.

„Политички сметам дека е коректен чекор бидејќи е постапка што секој политичар треба да ја направи во одредени моменти, какви реперкусии ќе има оваа оставка, јас верувам ќе видиме следниве денови, бидејќи реално Зоран Заев си поднесе оставка од позицијата премиер и лидер на партијата, меѓутоа органите на СДСМ треба да се состанат и да ја оценат оваа точка“, посочи Арјанит Хоџа.

Според Арјанит Хоџа актуелната власт е кревка и деликатна и смета дека во одреден рок треба да се оди на предвремени избори и да се потврди повторно мандатот на политичките партии. Инаку кога беше формирана владата, Заев и Ахмети се договорија во последните 100 дена од Владата, да се назначи премиер Албанец на предлог на ДУИ.