Или невработените да се преквалификуваат или да се вработуваат работници од странство. Ова е рецептот на власта за да не се влоши состојбата со недостигот на работници. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, не смее да се дозволи нашите бизнисмени да станат неконкурентни кога другите земји во регионот и Европската унија го прават истото. Имено, во Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Косово веќе има работна сила која доаѓа од регионот или од далечни региони. Ако пазарот кај нас не се отвори за нив во следните две до три години, тогаш, според Битиќи, ситуацијата ќе биде уште потешка бидејќи многу од компаниите ќе мора да се затворат.

„Само за споредба. 57% од запишаните невработени кои активно бараат работа во Агенцијата за вработување имаат нецелосно образование, односно само основно. Над 17% имаат нецелосно средно образование, односно не го завршиле. Тоа нè носи до 75% од активните баратели на работа кои имаат завршено средно образование. Со нив треба да се работи на преквалификација, односно дополнителен тренинг за определена работа. Потсетувам дека на крајот на 2022 година се исплатени рекордни 23 милиони евра државна поддршка за 410 компании“, рече Битиќи.