Руската војска ќе го прекине огнот и ќе го отвори хуманитарните коридори од неколку украински градови, вклучително и од главниот град Киев во понеделникот во 8 часот утрово по средноевропско време, соопшти руското министерство за одбрана.
Коридорите се отворени од градовите Харков, Мариупол и Суми, на лично барање на францускиот претседател Емануел Макрон и со оглед на моменталната ситуација во тие градови, се наведува.
Според мапите коишто ги објави новинската агенција РИА, коридорот од Киев ќе води до Белорусија, а цивилите од Харков ќе имаат само коридор кон Русија. Коридорите од Мариупол и Суми ќе водат и до други украински градови и до Русија.
Тие кои сакаат да го напуштат Киев, исто така, ќе бидат префрлени преку воздушен мост во Русија, соопшти министерството, додавајќи дека ќе се користат беспилотни летала за следење на евакуацијата, а „обидите на украинската страна да ја измами Русија и целиот цивилиразан свет… се бескорисни овојпат“.
Двете планирани операции евакуација од Мериупол и блискиот граед Волноваха не испеа во текот на викендот, бидејќи страние меѓусебно се обвинуваа дека не сакаа да престанат со огнот.
Само во Мариупол украинските власти најавија дека планираат да евакуираат преку 200.000 цивили, односно поливина од населението.