Граѓанскиот активист Бесим Небиу смета дека е погрешно власта да ја обвини Европската унија за неотварањето преговори за членство затоа што тоа нема да го реши проблемот.
Небиу објаснува дека Северна Македонија сама бара членство во ЕУ за што има услови и сплет на процедури.
„Тие можеби се фер, други веројатно се нефер меѓутоа членството на некој клуб е факултативно и по желба на апликантот“, смета Небиу.
Тој објаснува дека во евроинтеграциите ветото посоти и тоа не е преседан само во случајот со Северна Македонија.
„Франција три пати има поставено вето на Велика Британија. Не е преседан соседи да блокираат поради разни меѓусебни прашања. Патоказот е да се продолжи со преговори и да се најде решение кое ги задоволува сите страни бидејќи бидејќи билокоја калимеро стратегија нема да прозиведе резултати за никого“, додава Небиу.