Се очекува во скоро време реконструкција во Владата, а во неа да влезе и Алтернатива на Африм Гаши. Тоа ќе се знае по разговорите кои се очекуваат следната недела. Синоќа во ТВ21 откри некои детали членот на ИО на СДСМ, Стефан Богоев.

ТВ21: Најавено е следната недела СДСМ да седне со Африм Гаши од Алтернатива и оваа партија да ја смени БЕСА во Владата?

„Дефинитивно во нив ќе има што ќе се постигне Алтернатива. Коалицискиот партнер потенцијален кој што треба да влезе со четири пратеници, прилично извесно ќе добие министер во владата. На кое министерство, ќе биде соопштено дополнително. Не смеете да менувате повеќе од 1/3 од Владата, тогаш паѓа владата. Моите информации велат дека ќе се менуваат пет министри и евентуално еден вицепремиер, за да биде реконструкција“, рече Богоев.