Управата за хидрометеролошки работи издаде предупредување во кое наведува дека денеска од изутрина на северот на Македонија поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а потоа и долж Повардарието повремено и силен северен ветер со брзина од над 60 км/час. Информираат дека тоа ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови.
Кон средината на следната недела, односно од среда, од пладневните часови од запад ќе се прошири нестабилност проследена со повремено пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.