Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац во мометов е на одделот за интензивна нега, каде е поврзан на кислород.
„Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и коронавирус, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не е никаква вест дека некој е позитивен на коронавирусот, туку дека е негативен“, изјави Тозовац од болница.
Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац хоспитализиран поради компликации со коронавирусот
Пејачот вели дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист дека ќе биде подобро.
„Мојата здравствена состојба не е добра, како може да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа антибиотици и слушам сè што ќе ми кажат“, изјави Тозовац за „Ало.рс“, истакнувајќи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болница.
„Не да се надевам, туку со душа го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам дома. Јас сум оптимист и верувам во Бога, сè уште не е дојдено меоето време да го напуштам овој свет“, изјави еден од најпопуларните пејачи на народна музика во регионот.
„Многу ми е жал за смртта на Балашевиќ, но како да повлече нога… Се надевам дека ќе го победам ова зло што е можно поскоро“, додаде пејачот.