Судечкиот совет од Апелациониот суд кој донесе одлука за укинување на првостепената пресуда за случајот „Таргет – Тврдина“, односно масовното прислушување, со којашто практично предметот за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков е на чекор да застари, не се оправдале пред Судскиот совет за долгото одлучување кое резултираше со укинување на дванаесетгодишната казна за Мијалков, објави Фокус.

До 23 декември, кога членови на Судскиот совет беа во посета на Апелација, писмената пресуда уште не била изработена.

Работната група од Судскиот совет којашто беше во вонредна работна посета на Апелација, констатираше, а Судскиот совет едногласно ги усвои овие заклучоци дека нема образложени причини за изминување на толку долг период од јавната седница до донесување на одлуката.

Девет месеци им требало на судиите да одлучат од одржувањето на јавната седница за овој предмот до донесувањето на одлуката со што судиите создале услови за застарување на постапката, што е сериозна повреда на Законот за кривична постапка.

Целата вест на Фокус.