Лицата кои ќе одбијат да се вакцинираат против новиот коронавирус во Франција, може да се соочат со забрана за користење на јавниот превоз. Ова е наведено во нацрт-законот што предизвика протест на опозициските политичари.

Премиерот Жан Кастекс вчера доби поддршка од владата за нацрт-законот што е насочен кон обезбедување на правна рамка за дејствување во здравствени кризи, вклучително и за борбата против коронавирусот. Според текстот, што сега ќе биде доставен до Парламентот, може да се бара негативен тест за коронавирус или доказ за превентивен третман, вклучително и вакцинација, од луѓето за да обезбедат пристап до транспорт или одредени локации, како и одредени активности.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека 55 отсто од Французите нема да вакцинираат против коронавирус, едно од највисоките нивоа во рамки на Европската Унија (ЕУ). Кампањата за вакцинација во Франција ќе започне в недела. Претседателот Емануел Макрон вети дека вакцинацијата е препорачлива, а не задолжителна.

Но, опозициските политичари остро го критикуваа законот. Според опозицијата, владата на Макрон планира „здравствена диктатура” што ги напаѓа граѓанските слободи.