Без оглед кое месо ќе го користите, тоа во овој сос ќе биде сочно, вкусно и егзотично…

Потребни состојки:

500 гр пилешко филе
1 кромид
400 гр шампињони
чаша вино
2 чешниња лук
200 мл павлака за готвење
150 гр бејби спанаќ
50 гр димен кашкавал
50 гр сушени домати
сол и бибер
50 гр суви сливи
италијанска мешавина на зачини

Подготовка: Испржете го пилешкото месо и одложете го на топло место. Издинстајте го кромидот, додадете го и лукот и шампињоните. Динстајте 10 минути. Ставете ги сушените домати, посолете и забиберете.

Додадете го виното. Динстајте додека течноста да испари. Додадете ги и сувите сливи. Потоа додадете ја и павлаката за готвење и ренданиот кашкавал. Додадете ја и италијанската мешавина на зачини.

На крјаот ставете го бејби спанаќот и динстајте уште 5-10 минути додека сосот да се згусне.
прелијте го преку месото и уживајте во вкусовите.

Пријатно!