Брзо, лесно за приготвување, а превкусно. Доколку сè уште се мислите што да си направите за ручек за денес, имаме интересна идеја за вас…

СОСТОЈКИ:

ЗА ТЕСТОТО:

  • 400 г брашно
  • 4 јајца
  • сол

 ЗА ФИЛОТ:

  • 200 г несолена урда
  • 100 г пекорино
  • неколку листови свежо нане
  • сок од лимон
  • кора од лимета

­ЗА СОСОТ:

  • 60 г путер
  • неколку листови свежа жалфија

ПОДГОТОВКА:

Брашното ставете го во длабок сад или на работна површина. На средината направете дупка, ставете сол по вкус и во средината скршете ги јајцата. Со виљушка почнете да матите, а потоа со прстите полека собирајте го брашното за да го замесите тестото. Месете доволно долго за да се развие глутенот во брашното и да добиете компактно и мазно тесто.Завиткајте го во фолија и оставете го да стои еден час. Во меѓувреме во еден сад ставете ги состојките за фил и убаво измешајте. Откако ќе отстои тестото, со сукало или машина за тестенини, направете две долги ленти и поставете ги на работна површина посипана со брашно. На едната лента, во средина на растојание од 5 см со мала лажичка ставајте од филот. Краевите од лентата и средината меѓу полнењата, премачкајте ги со вода. Покријте со другата лента и убаво залепете ги двете ленти, истиснувајќи го воздухот. Со нож за тесто, исечете ги равиолите. Повторете го ова неколку пати, искористувајќи го целото тесто. На шпорет ставете тенџере со вода и сол да зоврие. Во нејзе варете ги равиолите околу 2- 3 минути. За тоа време во тавче загрејте го путерот, па кога ќе се карамелизира малку додајте ја жалфијата и потоа сварените равиоли. Промешајте кратко и послужете топло, посипано со рендано пекорино.