Брзо, лесно за приготвување, а превкусно. Доколку сè уште се мислите што да си направите за ручек за оваа недела, имаме интересна идеја за вас…
Состојки:
- 450 г пилешко бело месо
- 300 г мешан зеленчук по избор
- 200 мл бистра зеленчукова супа
- 225 г оризови нудли
- 2 лажици маслиново масло
Пoдготовка:
Во вог-тава загрејте го маслото и додајте го пилешкото месо исечкано на коцки. Гответе го со повремено мешање околу пет минути. Додајте го сечканиот и исчистен зеленчук, па гответе уште пет минути. Пробајте дали зеленчукот омекнал. Додајте ја супата и гответе уште неколку минути. Нудлите сварете ги според упатството. Измешајте ги со сосот со месо и послужете веднаш.
На здравје!