Доколку се мислите што да подготвите за денешниот ручек, ние ви предложуваме лесна мусака со тиквички која е вистинско гурманско уживање…
Потрени состојки:
- 1 кг тиквички
- 400 г мелено пилешко месо
- 1 главица кромид
- 1 страк праз
- 2 моркова
- 4 јајца
- 200 мл јогурт
- 1 лажица путер
- 50 г рендан пармезан или друг кашкавал
- сол и црн пипер
Подготовка:
Тиквичките измијте ги, излупете ги и исечете на тенки кругови, па посолете ги и оставете ги 20 минути во сад да постојат и пуштат вода.
Во тава на масло пржете го сечканиот кромид, потоа додајте ги сечканите моркови. Динстајте околу пет минути, па додајте го сечканиот праз и пржете уште 10 минути.
На крај додајте го меленото месо и зачините, па пржете додека се испржи месото. Тргнете го садот од шпорет и оставете да се излади малку.
Садот за мусака измачкајте го со путер, па наредете еден ред тиквички. Над нив распоредете ½ од филот со месо, па потоа друг ред тиквички, фил од месо и завршете со тиквички. Изматете ги јајцата со јогуртот, посолете ги и прелејте ги преку тиквичките. Изрендајте кашкавал, па прекријте со фолија и печете на 200 степени 20 минути.
На здравје!