СОСТОЈКИ:
- 4 големи лигни
- 2 големи компири
- 120 гр. пршута
- сол и црн пипер
- маслиново масло
ПОДГОТОВКА:
Лигните измијте ги добро однатре и однадвор. Исчистете ги ако не се чистени. Компирите излупете ги и изрендајте ги. Пршутата исечкајте ја на коцки и додајте ја во компирите и ставете црн пипер. Можете по желба да посолите, но внимавајте затоа што пршутата е солена. Затворете ги лигните со чепкалки и премачкајте ги со маслиново масло. Ставете ги да се печат во плех обложен со хартија, во рерна на 180 степени, по 20 минути од секоја страна. Послужете со прилог по избор.