СОСТОЈКИ:

  • 500гр. леќа
  • 1 голем кромид
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • 2 компира
  • 3 чешниња лук
  • масло
  • цет
  • сол и црвен пипер

ПОДГОТОВКА:

Леќата исчистете ја, измијте ја и ставете ја во длабоко тенџере. Додајте вода и ставете ја да проврие на средна температура. Потоа сменете ја водата. Во новата вода ставете сол и масло. За тоа време ситно исечкајте го кромидот, пиперката и компирите, а морковот изрендајте го. Кога ќе проврие леќата, додајте го кромидот, пиперката, компирите и морковот. По желба можете да додадете малку доматно пире и магдонос. При крај на варењето, во тавче запржете го црвениот пипер на малку масло и во него додајте една црпалка леќа, промешајте па вратете ја смесата во тенџерето. Во еден сад измешајте го сечканиот лук со малку сол, оцет и масло. Кога ќе престане да врие, додајте ја оваа смеса во леќата.