Доколку сте од оние што обожаваат тестенини, но навистина сте уморни од постојано барање нови рецепти, во тој случај имаме идеја за вас…

Состојки:

  • 350 г тестенини
  • 2 моркова
  • 2 модри патлиџана
  • 2 тиквички
  • 2 пиперки
  • 500 г пилешко филе
  • 10 г сол

Подготовка:

Пилешкото месо исечкајте го на коцки. Зеленчукот измијте го, излупете го и исечкајте го на помали парчиња. Пржете го во тава со масло, додавајќи еден по еден вид зеленчиук: прво морковите, па модрите патлиџани, пиперките и на крај тиквичките. Посолете, полејте со 50 мл вода, покријте со капак и динстајте околу 20 минути, додека да омекне. По потреба посолете уште.

Во друга тава испржете го пилешкото месо на малку масло. Зачинете со сол и зачини по желба. Измешјате го со зеленчукот и пржете една минута да впие од вкусовите. Тестенините сварете ги на вообичаен начин и измешајте ги со смесата од зеленчук и месо.

На здравје!