Доколку се двоумите што да подготвите за ручек ова саботно попладне, а притоа да им се допадне и на најпребирливите, нашиот предлог е пица, но во поздрава варијанта од традиционалната.

Состојки:

– 1 страк праз
– 2 пиперки
– 2 тиквички
– 3 лажици маслиново масло
– 2 лажици свежа мајчина душичка
– 10-ина чери домати
– 1 пакување лиснато тесто или тесто за пица
– 4 лажици доматно пире
– 100 г пармезан
– сол и црн пипер

Приготвување:
Зеленчукот измијте го и исечете го на крупни парчиња. Ставете го во тава, освен доматите, со маслиново масло, додајте ги сечканите листови мајчина душичка (ако ги користите), зачинете со сол и црн пипер, па динстајте го околу 30 минути. Додајте ги доматите и уште 5-10 минути мешајте, додека омекнат. Тргнете го садот на страна да се излади. Лиснатото тесто на работна површина развлечете го да биде со големина на плехот во кој ќе го печете. Потоа ставете го во подмачкан плех и подигнете ги краевите. Ставете да се потпече 15 минути во рерна загреана на 200 степени. Извадете го од рерна и оставете да се излади. Потоа лесно притиснете да спадне средината, па распоредете го доматното пире и над него малку рендан пармезан. Додајте го зеленчукот, премакајте ги со малку млеко краевите од тестото, посипете со пармезан и ставете да се потпече десетина минути.

Добај апетит!