Во Гостивар е предадена е во употреба модуларната ковид болница, една од шеснаесетте кои се поставуваат во земјава. Таа е со капацитет од 35 кревети и се наоѓа во близина на инфективното одделение на гостиварската општа болница и целосно е опремен.
На предавањето во употреба беше и првиот човек на македонското здравство Венко Филипче, кој новоизградениот објект го нарече мини инфективна клиника. Во него во прво време ќе работат вработените од инфективното одделение, а ќе се засили и со персонал по системот на ротација.
Наскоро ќе се инсталира и најсовремен дигитален рентгне апарат и ехо-апарат со сите сонди, кои се неопходни за прецизна дијагностика. Со инсталираната опрема ова ќе биде мини инфективна клиника за третман на паценти со ковид19, а во некои други времиња може да се користи и како модерен тријажен центар или помал ургентен центар, рече Филипче.
Министерот Филипче, при посетата оствари и средбата со раководството на општата болница „Ферид Мурад” која ја искористи и за разговор за плановите и инвестициите. Тој најави дека во скоро време гостиварската болница, која пружа услуги на жителите од околните општини.
Болницата е позната по својата експертиза. Целосно се реновирани операционите сали, хируршкото одделение, а следува и реновирање на интерното одделение. Со директорот разговаравме и за некои следни планови. После многу години за првпат болницата ќе добие магнетна резонанца. Тоа значи дека сите овие жители кои имаат потреба од таа услуга повеќе нема да патуваат во Скопје, туку тука ќе ги прават тие снимки. Во моментов состојбата со пандемијата во Гостивар е стабилна, меѓутоа граѓаните мора да продолжат со почитување на мерките за заштита, истакна Филипче.
Директорот на болницата, Јакуп Јакупи напомена дека објектот е завршен за помалку од два месеци и дека веќе се работи на последната фаза за инсталирање на дополнителната специјализирана опрема.
На почетокот ќе ја користиме за сместување и третман на пациенти со ковид. Ќе биде од голема корист, особено ако дојде до пораст на бројката на заболени, за што се надевам дека нема да дојде, изјави Јакупи.
Тој информираше дека во четвртокот биле вакцинирани четириесетина вработени од болницата, а очекува имунизирањето да продолжи според насоките на здравствените власти.
По поведувањето на иницијатива за изградба на модуларни болници, досега се завршени објектите во Гостивар, Кичево, Струга, Гевгелија, Струмица, Охрид, Штип, а останатите се во завршна фаза на изградба.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.