Иако денес е еден од најголемите холивудски актери, ѕвездата на „Титаник“, „Волкот од Волстрит“ и „Си беше еднаш во Холивуд“, Леонардо Ди Каприо во младоста сериозно размислувал да се откаже од глумата поради опсесијата со брејкденс.

Во интервју од 1994 година тој призна дека не бил заинтересиран за училиште, особено за математика, и дека креативната енергија ја насочувал кон дружење и танцување. Често организирал брејкденс настапи со пријатели, дури и пред соучениците.

Години подоцна, во разговор со Опра Винфри, потврди дека како дете речиси ја напуштил глумата поради танцот и дека го носел прекарот „The Noodle“ (нудла) поради неговата флексибилност во танцот. Иако тврдеше дека ги „изгубил движењата“, неговиот танц во Волкот од Волстрит покажа дека талентот сè уште постои.

Фото: Depositphotos

Текстот Пред „Титаник“ и Оскарите, Леонардо Дикаприо имал поинаков сон, но и доста необичен прекар е превземен од МАКФАКС.