Три четвртини од починатите од коронавирус го имале вирусот во срцето, покажува најновото истражување на срцевото ткиво. Како што објави американскиот магазин Сајенс починатите пред смртта имале абнормални аритмии.
Оваа најнова студија, како што се наведува, нуди увид во тоа како болеста може да го оштет срцето и како одредени третмани може да помогнат да се спречи фатален исход.
Научниците собрале доволно докази за оштетување на срцето кај пациенти со коронавирус, а се покажало дека дел од пациентите имале зголемено ниво на тропонин, молекули кои е ослободуваат во крвта кога доаѓа до оштетување на срцето.
Некои пациенти добиле воспаление на срцевата ќеса која го опкружува срцето, а имало и случаи на воспаление на самиот срцев мускул, но не е јасно дали овие проблеми се предизвикани од коронавирусот кој до нападнал срцето директно или е се последица на преактивен имунолошки одговор.
Истражувањето било спроведено во Општата болница во Масачусетс на околу 1000 срцеви ткива.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.