Пред една година Сашо Мијалков беше најбараниот човек во земјава, објави ТВ21. Според телевизијата, полицијата никаде не можеше да го најде. Обвинителството пушти барање за притвор. Никој не понесе одговорност за неговото исчезнување, неколку дена пред објава на пресудата за предметот Таргет – Тврдина. Иако за Мијалков беше пуштена национална и меѓународна потерница, Мијалков се пријави во обвинителство пред да го најде полицијата.
По појавувањето на Мијалков, премиерот во заминување, Зоран Заев изјави дека екс шефот на УБК немал каде да бега бидејќи Заев лично ја координирал акцијата за апсењето на Мијалков.
Како што велат од ТВ21, доколку Мијалков повторно одлучи да „исчезне“ кој ќе го врати овој пат?