Фудбалерите на Барселона утре на домашен терен го играат натпреварот од петтото коло во шпанската Ла Лига против Гранада.

Каталонскиот клуб во моментов нема најдобра атмосфера, откако Баерн победи пред неколку дена во Лигата на шампионите со 3:0.

По тој натпревар, тренерот Роналд Куман беше силно критикуван и навивачите велат дека треба да добие отказ.

Сепак, Куман смета дека ситуацијата во Барселона е сосема поинаква отколку пред една година кога Баерн ги декласираше со 8:2 и дека сега во тимот нема таква sвезда како што тогаш имаше Кике Сетиен.

„Пред само една година, Барселона загуби од истиот Баерн со 8:2, а во нив беа Меси, Гризман, Суарез … Во вторникот играа Балде, Гави, Мингуеза, Демир, Ерик … Секој има право на свое мислење. Некои ме поддржуваат, некои не. Исто така, некои мислат дека треба да останам, некои мислат дека треба да добијам отказ. Тие работи не се во мои раце. Не сум разговарал со никого за својата иднина, само сум фокусиран на работа со тимот“, рече Куман.

Тој призна дека ова е тежок период за него, но и за целиот клуб.

„Разбирам дека ова е многу тежок период, и за мене лично и за претседателот, но и за целиот клуб, за сите Каталонци. Ни недостасува многу. Сепак, мислам дека сите го сакаме само најдоброто за овој клуб и затоа првично ја прифатив работата како тренер на Барселона“, вели Куман.

Тој откри и дека Ансу Фати ќе биде подготвен да се врати на терените за десет дена, додека Серхио Агуеро ќе биде надвор од терените уште неколку недели.

„Ансу Фати веќе докажа колку е добар фудбалер. Тој постигна неколку гола на самиот почеток на минатата сезона. Со нетрпение го очекуваме неговото враќање, кое треба да следи за 7 до 10 дена. Многу е важно да се врати. Агуеро работи со него Потребни му се уште неколку недели одмор, така што не можам да го прецизирам датумот кога ќе се врати“, додаде тренерот на Барселона.