На 15 јануари 1992 г. само неколку месеци по 8 септември 1991 г, Бугарија стана првата земја во светот што ја призна независноста на Република Македонија, јавува Трибуна.

Официјалното признавање на тогаш Република Македонија од страна на Бугарија се случи по гласање на декларација од Народното собрание на земјата. Со посредништвото на тогашниот бугарски претседател Жељу Желев, РС Македонија беше призната за независна држава и од страна на Руската федерација.

Турција ја признава Македонија веднаш по Бугарија.

„За време на една средба со тогашниот турски премиер Сулејман Демирел му реков дека Турција треба да ја признае независноста на Република Македонија, бидејќи тоа е од огромно значење за стабилноста на Балканот. Таа лесно може да стане жртва на внатрешни проблеми или окупација. Демирел ми рече: Ќе ја признаеме Република Македонија за една седмица. Така и се случи“, раскажува покојниот д-р Жељу Желев.