Шишињата со масло треба да стојат наладнои темно место, а најдобро е да биде во стаклени, не во пластични шишиња.

За да го сочува својот квалитет, сепрепорачува по отворање да се стави во фрижидер или на темноместо, далеку од директна сончева светлина за да не се расипе. Некои препорачуваат да се стави маслото во темно стаклено шише и на дното да се додадат неколку зрнаграв и една лажичка сол. Тоа наводно му го продолжува векот на траење.

unsplash

Маслиновото масло мора да се чува на темно и топло место (но, не на температура повисока од 20 степени), далеку од сончева светлина, и не во фрижидер. Најдобро е на кујнскиот орман, но да нема допир со сончева светлина бидејќи брзо ги губи корисните својства.

Квалитетот на маслиновото маслолесно може да го проверите. Ставете го во комора од фрижидер и само висококвалитетно маслиновомасло почнува да се кристализира на температура пониска од минус 7 степени. Се препорачува да купувате маслиновомасло кое не е постаро од девет месеци, затоа што по тој период почнува да ги губи корисните својства, вкус и мирис.

Никако не смеете да замрзнувате маслиново масло, а откако ќе го отворите, треба да го искористите во рок од еден месец.