Пратеникот од редовите на ГЕРБ Никола Николов објави дека поранешниот бугарски премиер Борисов не е уапсен туку во неговиот дом се врши претрес, јавува БГНЕС.
„Десет полицајци се во домот на Борисов во Банќа и вршат претрес. Не е вистина дека се уапсени и други членови на ГЕРБ“, вели Николов.
Според информации од истрагата во домот на Севдалина Арнаудова е откриен џип кој што се води во сопственост на фирмата Аркад, која го гради гасоводот турски тек преку територијата на Бугарија.
Извор: Трибуна