Еден од 12 пратеници на АА-ААА, со кого разговараше ТВ21, се очекува да го повлече својот потпис од „новото мнозинство“, кое в петок го најави Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Двоумењата кај дел од албанските пратеници околу новото мнозинство се однесуваат на ставовите на Левица, кои не се совпаѓаат со нивниот политички профил.
-Нѐ измамија, ќе го повлечам потписот, рече за ТВ21 еден од пратениците Албанци, кој сакаше да остане анонимен.
Инаку, официјалниот став на АА-ААА, како политичка коалиција останува непроменет!
Пратеникот Халил Снопче за ТВ21 рече дека новото мнозинство останува исто, и покрај гласините дека има пратеници кои се „премислиле“.