Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го послушале министерот Панче Тошковски дека ЕУ ќе ги толерира патувањата со стариот пасош со Република Македонија и тргнале кон Бугарија. Со обичната патна исправа стигнале само до граничниот премин „Делчево“ бидејќи бугарската гранична служба не им дозволила да влезат со старите пасоши, па како привилегирани, се послужиле со дипломатските, кои исто така биле со старото уставно име на државата.

Пратениците ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи.

Од СДСМ утрово порачаа декаа ВМРО-ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.

-ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и со погрешни одлуки и несоодветни чекори го заглавува издавањето пасоши.Наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши ДПМНЕ преку нивниот технчки министер го укина вадењето пасош без закажување, со што се пролонгира целиот процес со месеци, порачаа од оваа партија.