Не е мала работа изгласувањето на резолуцијата во германскиот Бундестаг за Македонија со која се потврдува македонскиот национален идентитет и јазик.

Владејачката коалиција во Германија предводена од социјалдемократите ја протурка оваа резолуција, но во очи боди тоа што двајца пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ, ЦДУ/ЦСУ, беа против резолуцијата за Македонија.

На Кристоф Клос (ЦДУ) не му се допаѓаше што владејачкото мнозинство затоа што ја издвојува Северна Македонија од останатите држави од регионот. Тој се наврати на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел, велејќи дека на регионот секогаш му пристапувала како на целина.

И Тобијас Винклер од баварската ЦСУ, како и неговиот колега Клос, го критикуваше предлогот со кој се издвојува Северна Македонија и бараше да се прифати предлогот на неговата пратеничка група во која се бара поддршка за сите шест земји од Западен Балкан.

Ова според познавачите е неуспех и за ВМРО ДПМНЕ бидејќи или немаат никакво влијание меѓу сестринските партии или воопшто не се ангажирале за mакедонскиот национален идентитет.

Пратеникот од СДП Јосип Јуратовиќ, како и либералот Томас Хакер, застанаа во одбрана на резолуцијата, велејќи дека сите кандидати за членство во ЕУ се вреднуваат поединечно. „ЕУ процесот е регата, и се вреднуваат индивидуалните постигнувања. Не може последниот да го чека првиот. Денеска се работи за искрената политика на проширување на ЕУ. Северна Македонија е кандидат од 2005 и сега е време“, рече Јуратовиќ.

„Сакаме сега да ја охрабриме Македонија со оваа резолуција. Македонската култура ќе ја збогати ЕУ“, нагласи тој. Јуратовиќ, исто така, побара од ЦДУ поддршка за македонскиот пат во ЕУ и да влијае врз нивната сестринска партија ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

Превземено од Центар.мк