Дејанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ за пет месеци инкасирал 4870 евра само за патни трошоци. Тој е од Василево. Воедно, Ефтимов е прв на листата на пратеници кои подигнале најмногу пари за патни трошоци. Следува Сурија Рашиди кој е од струшко Радолишта и доаѓа од Алијанса за Албанците. За пет месеци инкасирал 4777 евра. Како што пишува порталот СДК.мк, од 120 пратеници, од нив 75 подигнале вкупно 122.000 евра на име на патни трошоци.

Сумата секако е висока ако се знае дека поради немањето на кворум за седници, поради пандемијата многу пати немало седници односно Собранието не работело, пишува СДК.мк