Претседателот на Собранието Талат Џафери најавува дебата за измени на Собранискиот деловник, со кои ќе се создават услови за комплетно осамостојување на Собранието, како законодавна власт во земјата.

„Сметаме дека сите овие функции треба да бидат изречно во надлежност на Собранието. И Собранието само по себе со воспоставени правни инструменти да може да менаџира со оваа институција без оглед кој ќе биде соодносот на силите сега во овој мандат, наредниот мандат, затоа што еднаш засекогаш даден мандат, па тоа ќе биде една гарнитура којашто ќе ги користи тие можности на работата на Собранието“, вели Џафери во интервју за МИА.

Тој соопшти дека пратениците ќе разговара и за појаснување на одредбите на Деловникот околу одржувањето на конститутивната седница.

„На пример, конститутивна седница да има тек, почеток и крај. Да не биде отворена можноста да трае со денови конститутивната седница. Да се дефинира, на пример, точно кога ќе се смета дека Собранието е конституирано за да можат да почнат да течат роковите конкретно по она што произлегуваат за другите институции, примената на роковите и текот на работата по тие рокови. Има низа работи, тврди Џафери.

Според него, идејата е да почнат дебата и да изнајдат решение за констатираните пречки во работата на Собранието, а потешките прашања ќе остануваат на крај.