Либерално-демократската партија има донесено одлука за самостојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски на седница на Централниот одбор на партијата уште од месец август 2020 година, но се уште не е реализирана од објективни причини.
– Како партија донесовме одлука уште пред седум месеци за самостојно делување во македонскиот Парламент заради подобро претставување на либералните вредности и поголем простор на делување од страна на нашите пратеници. Тоа за нас претставува демократски потег и не е поврзано со дневно политички теми. Оставивме доволно простор за имплементација на оваа одлука. ЛДП како и нејзините пратеници и понатаму ќе продолжат да ја поддржуваат Владата а тоа ќе се потврди и со гласањето на доверба на министрите Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ, велат од Либерално-демократската партија.
Од партијата додаваат дека во следниот период одлуката ќе се реализира и ќе делуваат како и останатите либерали во парламентите низ Европа.