Денес владејачката унгарска партија Фидес ѝ порача на групата на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент дека нејзините пратеници се повлекуваат од таа група.
Во писмото на претседателот на Фидес и унгарски премиер, Виктор Орбан, објавено на Твитер, се вели дека е разочарувачки фактот што, додека Европа се справува со пандемија, ЕПП е зафатена со намалување на правата на своите претставници.
– Advertisement –
– Ова е антидемократско, нефер и неприфатливо – напиша Орбан.
Членовите на ЕПП гласаа за промена на правилата за да се овозможи исклучување на унгарската владејачка партија Фидес од нивната група, изјави денеска портпаролот на ЕПП.
Многу партии членки на ЕПП се спротивставуваат на членството на десничарската партија на премиерот Виктор Орбан Фидес, за која велат дека се заканувала на демократијата во Унгарија.
Фидес ги негира обвинувањата.