Сојузот на синдикати на Македонија постави 14 столчиња пред Собранието и 8 жолти картони за пратениците кои се дел од Комисијата за финансирање буџет. Од нив побараа да го изгласаат предлог амандманот за линеарно зголемување на платите на работниците во јавниот сектор од 2.806 денари. Во спротивно, како што велат,ќе бараат оставки од сите пратеници кои нема да гласаат за покачување на платите.

„Ние јавно ќе побараме со име и со презиме оставка од тие пратеници бидејќи ако дигнат рака за „не“ ќе кажат дека не се за на работникот и не се за народот во овие тешки моменти. Затоа колеги пратеници сфатете си ја работата сериозно, македонскиот работник очекува денеска да го изгласате амандманот на ССМ покачување на платата за 2.806 денари на сите од 1-јули“, изјави Дарко Димовски претседател на ССМ.