Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничката на СДСМ која позитивна на Ковид-19 во скафандер дојде во Собранието во емисијата 24 анализа на ТВ 24 најави дека ќе возврати со кривична пријава кон ВМР-ДПМНЕ и Левица, кои посочија дека е нејзиното дело е тероризам.
„На колегите од ВМРО-ДПМНЕ ќе возвратам со кривична ријава до сите од нив зошто доаѓаат на работа каде ние сме предвидени да работиме минимум 5 дена во неделата и 8 часа, а тие седат по канцеларии. На пратениците од Левица исто ќе им возвратам со кривична пријава, зошто не ги исполнуваат условите кои ги отпишаа кога прифатија да бидат пратеници. Се појавуваат 10 минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си заминуваат“ – рече Костадиновска Стојчевска.
Пратеничката од СДСМ рече дека ќе им ги достави и сите скринови од заканите по живот кои ги добива од лажни профили на социјалните мрежи.