Барселона синоќа повторно ги испушти бодовите на гостувањето кај Леванте, играјќи 3: 3 и веројатно се прости од титулата.
Екипата на Роналд Куман успеа да испушти два гола предност и на крајот освои само бод што би ги оддалечил од титулата.
Холандскиот стручњак е многу разочаран од се што се случи на теренот.
„Ги пуштивме да се вратат во игра затоа што изгубивме многу топки во второто полувреме“, го започна Роналд Куман обраќањето на прес-конференцијата и продолжи:
„Понекогаш има работи што е тешко да се објаснат. Во второто полувреме игравме со премал интензитет, а кога сте помалку агресивни, реагирате помалку. Ние забавивме и тоа е проблем“.
Куман верува дека целиот тим потфрлил во дефанзива.
„Не обвинувам никого особено. Целиот тим потфрли во дефанзива. Премногу е да примиме три гола. Како тренер, јас сум најодговорен, но се прашувам што се случи затоа што зборувавме за интензитетот на играта на полувремето , и го загубивме натпреварот во второто полувреме“.
Тренерот на Барселона е свесен дека шампионатот е веројатно изгубен.
„Се наоѓаме во комплицирана ситуација. Зависиме од другите. Како тренер, јас сум најодговорен. Дали останувам во клубот? Тренерите се секогаш под притисок и јас го разбирам тоа“, рече Куман.
За Барселона да биде шампион, потребно е Атлетико и Реал Мадрид да бидат поразени барем двапати до крајот на сезоната, а Барса да освои шест бода.
Каталонскиот гигант ќе игра со Селта и Еибар во следните два натпревари.