Според правилникот на УЕФА, Марко Арнаутовиќ според дисциплинскиот правилник играчот треба да добие санкција од најмалку десет натпревари, секако доколку се утврди дека имало расизам и дискриминација.

„Ако некој фудбалер навреди личност, група на луѓе на било која основа од: боја на кожа, раса, религија, етничко потекло, пол или сексуална ориентација, се повикува на казна од најмалку десет мечеви“, стои во правилникот на УЕФА.

Поради српското потекло, напаѓачот на Австрија откако даде гол упати тешки зборови кон Алиоски, кои не ѝ се познати на јавноста. Сепак, се смета дека тоа е националистички испад, а ФФМ застана зад нашиот бек и се пожали до УЕФА која отвори истрага за случајот.