Кралицата Елизабета Втора почна осумдневна жалост за нејзиниот сопруг, принцот Филип, кој вчера почина во дворецот Виндзор на 99 години.
За време на овој период, законите нема да добиваат кралска согласност, а држаните работи привремено ќе запрат во знак на почит.
Периодот на кралската жалост ќе продолжи во наредните 30 дена, по што кралицата ќе се врати во јавниот живот и на своите обврски.
Иако принцот Филип има право на државен погреб, тој пред смртта изразил желба за скромна церемонија.